Љоренте паднал од веспа, го пропушта стартот на сезоната

Фернандо Љоренте најверојатно ќе го пропушти стартот на новата премиерлигашка сезона по повредите што шпанскиот голгетер ги заработил при сообраќајна несреќа додека се наоѓал на годишен одмор во татковината.

Како што јавуваат шпанските медиуми, собраќајката не била сериозна, но Љоренте паднал од веспа, при што се здобил со скршеница на раката. Ова ќе значи пауза од најмалку шест седмици, па речиси сигурно е дека шпанскиот голгетер нема да му биде на располагање на менаџерот на Свонси, Пол Клемент, за стартот на новата сезона.

Останува да се види кога искусниот голгетер би можел повторно да се врати на терените и дали оваа незгода ќе влијае врз интересот од Челси, откако Антонио Конте изрази желба да го ангажира токму Љоренте како прва резерва во нападот на шампионот.

Се вчитува...