Љоренте си го крстил кучето Енфилд откако со два гола на „Енфилд“ го исфрли Ливерпул од ЛШ

Шпанскиот фудбалер Маркос Љоренте е во изолација заедно со кучето кое го крстил Енфилд. Тој одлучил да има домашен миленик набрзо по фантастичниот настап на „Енфилд Роуд“ кога постигна два гола во дресот на Атлетико Мадрид и му помогна на својот тим да го елиминира европскиот шампион Ливерпул.

Љоренте доби шанса во текот на мечот на „Енфилд Роуд“ и беше творец на пресвртот во продолженијата. На крајот Атлетико Мадрид славеше со 2-3, се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Љоренте беше херојот. За спомен на блескавото издание сега го има и миленикот Енфилд.

Се вчитува...