Лорик Каба донесе победа за Арсими против Шкендија А. (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсими славеа со 0-2 против дебитантот Шкендија Арачиново во натпревар кој се играше на стадионот во скопската населба Чаир како дел од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Двете екипи одиграа еден интересен и динамичен натпревар во кој на крајот за нијанса посреќни беа фудбалерите на Арсими кои го имаа џокерот Лорик Каба. Токму тој во 80. минута донесе водство од 0-1 во 80. минута, а истиот фудбалер ги постави конечните 0-2 во 90. минута.

Се вчитува...