Лорик Цана ќе ’командува’ во Шкендија по фијаското во Европа?

Прославеното име на албанскиот фудбал Лорик Цана би требало да застане на кормилото на Шкендија како прв оперативец и да се обиде да го стабилизира тимот по фијаското што му се случи на македонскиот првак на европска сцена ова лето. Шкендија доживеа болни елиминации од претставници на Естонија и на Луксембург, а, согласно вложувањата, имаше амбиции за многу поголем дострел.

Цана е голем пријател на спонзорот Лазим Дестани и во изминатиот период ревносно ги следеше случувањата во Шкендија. Следеше во живо неколку натпревари и беше гостин на шампионската прослава на клубот. Тој треба да ја добие функцијата спортски директор и да ги „скенира“ сите активности, па и да одлучи дали ќе има структурални промени во тимот, надлежен и за стручниот штаб и за фудбалерите. Во опција е дури да го преземе и претседателското место во клубот од Тетово.

По фијаското во Европа, сигурно ќе се разгледува и останувањето на тренерот Ќатип Османи, но и на неколку фудбалери кои комплетно потфрлија во европските мечеви.

Се вчитува...