Трагичарот на Ливерпул во финалето против Реал, Лорис Кариус и понатаму е во центарот на вниманието на јавноста иако не по добро. По двете катастрофални грешки кои неговиот Ливерпул можеби го чинеа можеби и европска титула, германскиот голман со денови е на удар на навивачите, а во медиумите веќе се споменува и негово заминување од Ливерпул.
Сепак, во овие тешки моменти, за Кариус стигна и една добра вест – за роденден доби понуда од италијанскиот третолигаш Римини!
„На 22 јуни Кариус ќе наполни 25 години. Би сакал германскиот голман да ми биде гостин на неколку дена во Римини. Сакам да поразговарам со него и да го потсетам дека е потребна храброст и здрав разум за да се научат најдобрите животни лекции, кои се и најтешки“ – стои во отвореното писмо што му го испрати претседателот на Римини, Џорџио Грасио на голманот на Ливерпул.
Од Римини се подготвени на Кариус да му дадат и понуда тој да настапува за нивниот клуб.
„Сите сме поминале нив вакви тешки моменти, но за жал неговите се случија пред очите на милиони луѓе. Сакам да му помогнам на Лорис да стане пример на сите оние кои паѓаат, но повторно застануваат на нозе и во фудбалот, но и во животот воопшто. Сакам да му дадам роденденски подарок, едногодишен договор со Римини кој е идеален клуб во кој повторно ќе може да ја открие смиреноста, самодовербата и да добие сила да го следи својот сон. Да биде работата јасна, нема да му биде лесно бидејќи ќе има силна конкуренција во извонредниот голман Франческо Скоти, но сигурен сум дека овде ќе најде едно големо семејство и град кој е подготвен да го поддржи“ – вели претседателот на Римини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА