Лос Анџелес Клиперс го презедоа врвот на Западната конференција (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс го презедоа врвот на табелата во Западната конференција од НБА лигата благодарение на драматичниот тирумф од 104-100 над Портланд. Со биланс од 13/6, Клиперс се пробија пред шамионот Голден Стејт, кој има 14 победи, но и еден пораз повеќе од тимот од Лос Анџелес.

За седмата победа во последните осум натпревари за Клиперс, клучен беше кошот на Данило Галинари на 47 секунди пред крајот со кој Клиперс поведоа со 102-100. Портланд потоа во следниот напад не погоди и тоа во два шута, а Патрик Беверли од слободни фрлања го потврди успехот.

Тобијас Херис со 34 поени со кои го израмни рекордот на кариерата беше лидер во успехот, Данило Галинари постигна 17 поени. Кај Портланд, Демиан /лилард дуелот го заврши со 30 поени, а Си Џеј Меколум постигна 18.

Лидерот на Истокот, Торонто е во триумaфлна серија, врза пет последовни победи славејќи со 125-115 на домашен терен во пресметката со Мајами. Двејн Вејд имаше 36 поени, но тоа не беше доволно за успех против Торното кај кого повторно најдобар беше Каваи Ленард кој постигна 29 поени. Торонто има ефект од 17/4 и е убедливно најуспшен тим во лигата.

Орландо ја прекина победничката серија на Лос Анџелес Лејкерс триумфрајќи со 108-104 на теренот на Леброн Џејмс. Њујорк го победи Мемфис со 103-98, Атланта беше подобра од Шарлот со 124-123, Филаделфија славеше кај Бруклин со 127-125, а Јута беше убедлива против Сакраменто со 133-112.

Се вчитува...