Лос Анџелес Лејкерс му одржаа лекција на Денвер (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс поведоа со 1-0 во финалната серија од Западната конференција со Денвер добивајќи го првиот натпревар убедливо со 126-114. Клучна за успехот на тимoт кој до триумфот го предводеше Ентони Дејвис беше втoрата четвртина во која „лејкерс“ се одлепија на двоцифрена предност. Потоа и во третата четвртина имаа одличен период во кој побегнаа на плус 20 поени по што Денвер остана далеку од успех.

Дејвис постигна 37 поени во победата, имаше и 10 скока и четири асистенции. Колдвел Поуп постигна 18 поени, Леброн Џејмс имаше 15 поени и 12 асистенции. Кај Денвер, Џамал Мареј и Никола Јокиќ постигна по 21 поен.

 

Ражон Рондо мечот го завши со девет асистенции и со тоа дојде до вкупна бројка од 1023 и го надмина според бројот на асистенции во плеј-офот Мајкл Џордан пробивајќи се на 10. место. Џеј Ар Смит пак го помина Коби Брајант и се проби на деветтата позиција на листата кошаркари според бројот на постигнати тројки во разигрувањата. Смит има 293 погодени тројки, една повеќе од Брајант.

 

Вториот натпревар од финалето на Западната конференција ќе биде одигран ноќта недела кон понеделник. На Исток, вечерва продолжува финалната пресметка меѓу Мајами и Бостон во која тимот од Флорида води со 2-0 во победи.

 

Се вчитува...