ПСЖ лошо ја почна сезоната во Лигата на шампионите со реми на гостувањето против Бриж. Но, за Французите освен ремито има и дополнителен проблем од синоќешната ноќ – повредата на Килијан Мбапе.
Репрезентативецот на Франција ја напушти играта во 51. минута, а во игра влезе Мауро Икарди.
Иако на почетокот се чинеше дека Мбапе е полесно повреден, се чини дека го чека малку подолга пауза.
„Не е добро. Мбапе го повреди зглобот, а имаше и порано проблеми со слична повреда. Во четврток се закажани дополнителни прегледи, па ќе знаеме повеќе информации“ – истакна тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА