Слабите игри и необезбедниот пласман во главната фаза од ЕП 2020 скапо ја чини македонската репрезентација, откако нашиот национален тим не беше вклучен во листата на носители за баражот за влез на СП 2021 во Египет.
„Црвено-жолтите“ вообичаено беа носители во претходните баражи, добиваа полесни противници и рутински се пласираа на мундијалите, но тоа овојпат нема да биде случај. Барем на хартија најлесен можен ривал би биле Чешка или Белорусија, но избраниците на Брестовац би можеле да налетаат и на Франција, Словенија, Германија….
Извлекувањето на двојките за баражот е закажано за 9 март во Виена. Трите најдобри селекции од ЕП 2020, Шпанија, Хрватска и Норвешка, обезбедуваат автоматски пласман на СП 2021, првиот мундијал со 32 репрезентации што ќе се одржи од 15 до 31 јануари во Египет.
НОСИТЕЛИ: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција.
НЕНОСИТЕЛИ: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/БиХ, Полска/Литванија, Израел/Летонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА