Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски се соочува со сериозна опасност да го загуби првотимскиот статус во Лидс откако неговиот клуб синоќа доведе нов играч на неговата позиција од редовите на Манчестер сити. Станува збор за младиот Џек Харисон, кој е член на „граѓаните“ и доаѓа на „калење“ во тимот на Алиоски на барање на стратегот Марсело Биелса.
Аргентинскиот стручњак во текот на подготовките му даде шанса на Алиоски да ги покаже своите квалитети, нашиот интернационалец не се покажа во посакуваното светло, па ангажманот на Харисон дефинитивно значи лоша вест за Македонецот, кој ќе мора уште повеќе да се бори за да добие шанса кај новиот стратег.
Британските медиуми најавуваат и дека Лидс би бил подготвен за продажба на Алиоски, но проблем е што во моментов нема клуб што испратил конкретна понуда за да го ангажира македонскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА