Лоша вест за Клоп – Гомез има фрактура, следи долга пауза

Јирген Клоп ќе мачи мака со составување на одбранбената линија на Ливерпул откако беше обелоденето дека повредата на Џо Гомез заработена на синоќешниот дуел со Барнли воопшто не е наивна. Имено, деталните прегледи покажаа дека станува збор за фрактура на ногата, поради што стандардниот дефанзивец ќе мора да паузира најмалку шест седмици, пауза што може да биде и значително подолга во зависност од реагирањето на третманот во текот на рехабилитацијата.

Гомез беше еден од најстандардните играчи на Ливерпул сезонава, одлично снаоѓајќи се и како десен бек и како централен дефанзивец.

Ова значи дека англискиот репрезентативец ќе пропушти низа значајни натпревари на „црвените“ во следниот период, меѓу нив и дерби дуелите со Манчестер јунајтед и со Манчесстер сити што го очекуваат Ливерпул во наредните триесет дена.

Се вчитува...