Лоша вест за Пандев: Јуриќ доби уште една шанса во Џенова

Првиот човек на Џенова, Енрико Прециози, реши да му даде уште една шанса на тренерот Иван Јуриќ да се обиде да го извлече клубот од резултатска криза. Хрватот дојде пред околу еден месец на местото на Балардини, но по пет средби како тренер на Џенова се уште е без триумф, губејќи ги последните три меча на чело на овој клуб.

Доаѓањето на Јуриќ беше лоша вест за Горан Пандев, кој не се изнаигра кај овој стратег откако на стартот на сезоната беше важен адут кај Балардини. Навивачите гласно бараат нова тренерска смена, но Прециози не сака да избрзува како при претходната одлука, па реши да му даде уште една шанса на хрватскиот стручњак.

„Јуриќ останува на чело на екипата. Решивме тој да го води тимот и на дуелот со Сампдорија по што повторно ќе ја разгледаме неговата позиција во клубот“ – соопшти првиот човек на Џенова.

Се вчитува...