Александар Трајковски тешко дека ќе може да добие посериозна улога во тимот на Мајорка откако повратникот во елитното шпанско фудбалско друштво потпиша договор со Такефуша Кубо. Тој пристигнува од редовите на Реал Мадрид, на едногодишна позајмица, а трансферот претставува негов камбек во Мајорка, каде исто така беше позајмен во сезоната 2019/20 и прикажа серија одлични игри.
Младиот Јапонец важи за еден од најталентираните фудбалери во оваа земја, импресионира со брзината и инвентивноста во нападот и нема сомнеж дека ќе има загарантирано место во стартниот тим на Мајорка.
Трајковски ионака голем дел од средбите ги почнуваше на клупата за резерви, а доаѓањето на Кубо уште повеќе ги намалува шансите Македонецот да добие шанса да блесне во Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА