Лошата есен го исфрли Вардар од претендентите за трофеј во ЛШ

Бранителот на европската ракометна титула, македонскиот првак Вардар не е меѓу најсериозните кадидати за успех во елитното натпреварување оваа сезона. Според проценките на ЕХФ, Вардар не е ниту меѓу топ десетте клуба за продолжението од сезоната. Ова е резултат на лошата резултатска серија на „црвено-црните“ во втората половина од есенскиот дел кога врза серија порази и падна на шестата позиција на табелата во групата.

Според најновиот ранкинг на ЕХФ, Барселона го зазема првото место меѓу фаворитите, потоа е Кил, денешниот противник на Вардар, а следуваат Пик Сегед, Пари Сен Жермен и  Веспрем кој ја затвора најдобрата петорка. Од шестото до десеттото место на листата се Киелце, Порто, Монпелје, Динамо Букурешт и Бидасоа Ирун.

Вардар е на шестата позиција во конкуренцијата Б со биланс од четири победи, едно реми и пет порази.

Се вчитува...