Лоши вести од Романија: Заврши сезоната за Петар Петковски

Македонскиот интернационалец Петар Петковски, ќе паузира до крајот на сезоната во романскиот шампионат, откако доживеа тешка повреда на мечот со Универзитатеа Крајова во понеделникот. Петковски ја напушти играта уште во 11. минута, а прегледите покажаа дека станува збор за тешка повреда на лигаментите на зглобот, со што ќе мора да оди на операција.

„Лекарските прегледи покажаа дека ќе мора да правам операција. Повредени ми е зглобот. Почувствував силна болка уште во 11. минута од натпреварот, а во изминатите два дена правев лекарски прегледи кои потврдија дека морам да се оперирам“, ни изјави Петковски.

Петковски на почетокот на сезоната дојде во Ботошани од Работнички. Играше на девет натпревари сезонава и постигна еден гол. Во минатото беше дел од Вардар, а играше и за младите категории на „црвено-црните“.

Се вчитува...