Новинарот на „Форбс“, Адам Загорија објави дека организаторите на Вимблдон и Ролан Гарос размислуваат да го следат примерот на Австралијан опен, а тоа не се добри вести за тенисерите кои не се вакцинирани, а можеби ќе биде и голем проблем за најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, кој засега не открива дали е вакциниран.
Организаторите на турнирот во Мелбурн нема да дозволат учество на тенисери кои не се целосно вакцинирани против коронавирусот, додека дополнителен карантин од две недели се споменува за невакцинираните како алтернативно решение.
„Постои можност Ролан Гарос и Вимблдон да го следат примерот на Австралијан опен и да дозволат учество само на вакцинирани тенисери на турнирите“, потенцираше Загорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА