Лоши вести за Јувентус: Крај на сезоната за Бернардески?

Италијанскиот првак Јувентус доби лоши вести за повредата на играчот за врска, Федерико Бернардески. Тој би можел да отсуствува до крајот на сезоната, доколку мора да замине на операција на коленото.

Бернардески се повреди на натпреварот со Торино, првичните прогнози беа дека ќе паузира три седмици, а потоа ќе може да се врати на терените, но, откако состојбата не се подобрува, Бернардески замина на нови тестови, по кои му се препорачува повредата да ја санира по хируршки пат. Тоа би значело и многу подолга пауза за играчот од средниот ред на Јувентус, кој би го пропуштил остатокот од сезоната во Серија А.

Се вчитува...