Лоши вести за Клоп: Хендерсон е опериран, го чека подолга пауза

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е опериран поради повреда на препоните што ја заработи минатата недела на натпреварот против Евертон. Хендерсон беше заменет во првото полувреме, а уште тогаш, менаџерот Јирген Клоп сугерираше дека здравствената состојба на капитенот не е добра.

30-годишникот е опериран и веднаш ќе започне со процесот на опоравување, објави тимот од Енфилд. Не е познато кога капитенот ќе се врати на терените, но сигурно е дека тој нема да игра најмалку до почетокот на април. Според англиските медиуми, тој ќе има пауза до 10 недели. Јирген Клоп загуби уште еден играч, бидејќи Вирџил ван Дајк, Џоел Матип, Џо Гомез и Фабињо се надвор од терените поради повреди.

Ливерпул во моментов е шести на табелата во Премиер лигата со 19 бода помалку од водечкиот Манчестер Сити. Во последните четири кола, „црвените“ забележаа четири порази.

Се вчитува...