Лоши вести за Мајами: Крај на финалето за Горан Драгиќ

Очигледно Мајами ќе има повеќе од тешка задача во финалето од НБА лигата против ЛА Лејкерс, посебно по повредите на првиот меч на двајца клучни кошаркари, Горан Драгиќ и Бем Адебајо.

Според првичните информации од таборот на Мајами, финалето за Драгиќ е најверојатно завршено затоа што ќе мора да има период на мирување по повредата на стопалото. Постои можност да се врати евентуално, но само доколку финалето се оддолжи до седми натпревар.

Адебајо, пак, нема посериозна повреда на рамото и според првичните информации би можел да биде на располагање веќе за вториот натпревар од финалето кој се игра во сабота наутро од 3 часот по средноевропско време.

Се вчитува...