Лоши вести за Мајами пред четвртиот меч со Денвер

Лоши вести за Мајами пред четвртиот натпревар од големото финале против Денвер. Лекарскиот тим на Мајами се уште не дава дозвола за настап на одличниот шутер Тајлер Хиро.

Можно е во еден момент од финалето во НБА лигата, Хиро да и помогне на својата екипа, но тоа нема да се случи на четвртиот меч кој се игра утре во раните утрински часови од 2:30 часот.

Хиро, како што е познато, ја скрши раката уште во првиот натпревар од првата рунда во плејофот против Милвоки и од тогаш е надвор од стројот.

„Мора да се минат некои фази. Не доби дозвола за игра, се уште не може“ – соопштија од Мајами.

Тоа што е добро за Мајами е што ќе може да смета на Кајл Лаури, кој нема потешка повреда. Мајами по три меча има негатива од 1-2, и евентуален пораз во четвртиот натпревар ќе ги донесе во крајно непријатна ситуација пред петтиот дуел кој ќе се игра во Колорадо.

Се вчитува...