Лоши вести за Симеоне и Атлетико: Крај на сезоната за Жоао Феликс и Лемар!?

Лоши вести за Атлетико Мадрид, Жоао Феликс и Лемар се здобија со повреди на мускулот, а од лекарскиот тим информации се песимистички за нивната достапност до крајот на сезоната.

Станува збор за двајца клучни фудбалери кои ќе бидат надвор од терените токму кога тимот на Атлетико се наоѓа во незавидна ситуација во Ла Лига.

Тие мора да го осигураат 4-то место за пласман во Лигата на шампиони за следната сезона. За оваа мисија ќе мора да се соочат со Гранада, Реал Мадрид, Севиља, Елче, Реал Сосиедад и Атлетико Билбао на гостински терен. Објективно гледано доста тежок распоред до крајот на сезоната.

Се вчитува...