Лошо лето за Икарди: Не може да најде клуб, а проблемот е Ванда Нара

Мауро Икарди има лето за заборав. Аргентинскиот репрезентативец е прекуброен во редовите на ПСЖ па францускиот тим настојува да го продаде, но тешко се наоѓа заинтересиран клуб. Неинтересот не се базира само на неговата голгетерска форма туку и на врската со Ванда Нара која постојано му го одвлекува фокусот од „зелениот терен“.

За работите да бидат уште покомпликувани аргентинската убавица е и негов агент па најчесто клубовите не сакаат да влезат во сага која ќе донесе лош публицитет и нарушување на атмосферата во соблекувалната. Аргентинецот во последните денови се поврзува со Манчестер Јунајтед, но со оглед на проблемите со кои се соочува англискиот тим шансите за премин на „Олд Трафорд“ се минимални.

Како најверојатна опција се јавува заминување од Европа и премин во некои од помалку атрактивните првенства. Според информациите на француските медиуми ПСЖ има понуда од саудискиот Ал Шабаб и парискиот клуб истата ќе ја прифати со што останува уште 29-годишникот да го одобри трансферот.

Се вчитува...