Лош ден за Реал, двоцифрена бројка на заразени од Ковид-19!

Кошаркарите на Реал Мадрид, Серхио Љуљ и Џефри Тејлор се позитивни на корона вирусот, по што се зголеми бројот на заразени во кралскиот клуб. Пред нив беа заразени Ханга, Рендолф, Јабусeле, Нуњез, Поарiе, Козер, Ертел и тренерот Пабло Ласо. Реал денеска требаше да го одигра првенствениот натпревар против Хувентуд, но тој е одложен поради епидемиолошката ситуација.

Покрај дуелот со Хувентуд, денеска беше одложен и наредниот меч на „кралевите“ од Евролигата, во кој шпанскиот гигант требаше да се сретне со Фенербахче.

Реал е втор во Евролигата со победа помалку од Барселона, додека во шпанското првенство е лидер со две победи повеќе од каталонскиот клуб.

Се вчитува...