Лошото време го прекина мечот меѓу Ѓоковиќ и Тим – Продолжението во сабота

Поради лошите временски услови полуфиналниот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим ќе се доигра утре. Натпреварот беше прекинат во третиот сет при резултат 1-1 (6-2, 3-6, 3-1) во корист на Австриецот.

Дождот и ветерот беа проблем во текот на целиот меч, а по два часа игра организаторите одлучија дека повеќе нема услови за игра по што одлучија да го прекинат дуелот. Продолжението на натпреварот ќе биде утре, а точниот термин ќе биде дополнително одреден, бидејќи утре на програмата треба да биде и финалниот меч во женска конкуренција во кој се среќаваат Ешли Барти од Австралија и Маркета Вондрушова од Чешка.

Се вчитува...