Лотар Матеус: Каква Група Ц, не отпишувајте ја дури и Македонија

Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус кој беше еден од гостите на денешната ждрепка за бараж-пресметките за пласман на СП 2022, ја одбира секако Групата Ц како најжестока на патот кон Катар.

Во двете полуфинални пресметки од Групата Ц ќе се соочат Италија со Македонија, односно Португалија со Турција, а потоа победниците ќе треба преку финална пресметка да го бараат тоа едно место кон Мундијалот 2022.

„Оооо, каква Група Ц. Секако тоа е најтешката група. Една од Италија и Португалија нема ги гледаме во Катар. Ќе биде навистина интересно на овие два натпревари. Не отпишувајте ја предвреме дури и Македонија, која мислам дека ќе игра добар фудбал со Италија. Па видовме сите дека во квалификациите Македонија ја победи Германија“ – истакна Матеус по денешната ждрепка во Цирих.

Се вчитува...