Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ – Савиќ, и покрај најавите за заминување, сепак ќе остане во редовите на калчолигашот Лацио и претстојната сезона. Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, го промени својот став и нема да го продаде одличниот играч за врска ова лето.
„Има многу заинтересирани клубови за Сергеј, но ние немаме намера да го продадеме. Тој едноставно не е на продажба. Треба навистина да дојде понуда од соништата за да ме премислат во мојата намера. Ги продадовме Фелипе Андерсон и Стефан де Врај, и не сакаме да ја растуриме хемијата во тимот“, изјави Клаудио Лотито.
Сергеј Милинковиќ – Савиќ е во фокусот на најголемите европски клубови. За него се интересираат Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Јувентус…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА