Ловрен: Ни сам не знам како погодив, обично шутирам на трибини

Ливерпул го отвори резулатот против Њукасл во раната фаза од денешниот натпревар, и тоа со фантастичниот погодок што го постигна Дејан Ловрен. Дефанзивецот многу ретко се запишува меѓу стрелците, но попладнево извонредно зафати еден волеј, не оставајќи му на гостинскиот голман шанса да реагира.

По мечот, тој истакна дека и самиот е изненаден од начинот на кој шутнал кога му се укажала можност за такво нешто.

„Ни сам не знам како погодив, обично кога ќе шутнам ваков волеј топката завршува на трибини, од навика како и кога реагирам во сопствениот шеснаесетник. Дефинитивно, чувството беше одлично, се надевам дека наскоро пак ќе постигнам гол бидејќи е неопходна помош од сите играчи за серијата победи да продолжи“ – изјави Ловрен.

Се вчитува...