Ловрен обвинет за лажно сведочење во случајот Мамиќ

Хрватското обвинителство од Осиек потврди дека има обвинение за хрватскиот дефанзивец на Ливерпул, Дејан Ловрен за лажно сведочење во судењето против Здравко Мамиќ, поранешниот прв човек на Динамо Загреб. Во март оваа година, обвинителството исто така покрена обвинение и против ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, во истиот случај.

Ловрен сведочеше на судењето на Мамиќ околу датумите за потпишување на анексите на неговите договори и парите за трансфер. Официјалните лица на Динамо се обвинети дека избегнале данок од 12 милиони куни (околу 2 милиони евра) и дека пренасочиле 116 милиони куни од фудбалскиот клуб. Мамиќ потоа пребега од Хрватска во Босна и Херцеговина.

За обвинението е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

Се вчитува...