Ловрен: Претходно сите се сомневаа во овој тим на Ливерпул, а сега сите не „тапкаат по рамо“

Ливерпул во утрешниот дерби натпревар против Арсенал во Премиерлигата влегува со шест бода предност во однос на второпласираниот Тотенхем, со се поголеми шанси на крајот од сезоната да стигне и до шампионскиот трофеј.

Тимот на Јирген Клоп се уште не загубила во првенството. Одлично изгледа и одбраната која прими само седум гола, за што најзаслужни се Ван Дијк и хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен.

Токму Ловрен вели дека им годат сега сите пофалби од фудбалската јавност, иако истата таа во минатото се сомневала во овој тим.

„Сега сите сакаат да испратат пофалби, а претходно многумина се сомневаа во овој наш тим. Добро, да бидеме искрени на почетокот и за нас некако се беше збунувачки. Изгледавме како некоја сложувалка која треба да се состави. Но, потоа се си дојде на свое место благодарение и на Јирген Клоп и веќе сега имам чувство дека сме соврешен тим“ – вели Ловрен.

Се вчитува...