Ловрен: Рамос намерно го повреди Салах, затоа јас морав да се одмаздам

Хрватскиот интернационалец Дејан Ловрен се потсети на случувањата од финалето во Лигата на шампионите во 2018 година во Киев кога Реал Мадрид со 3-1 го совлада Ливерпул. Капитенот на „Кралевите“ Серхио Рамос на почетокот на дуелот го повреди Мохамед Салах, а тој детаљ многумина го сметаат за клучен на натпреварот.

Ловрен и Рамос една година подоцна повторно се најдоа на теренот како противници во мечот од Лигата на нации меѓу Хрватска и Шпанија (3-2), а Хрватот ги дочека своите „пет минути“ за одмазда.

„Дали намерно го удрив Рамос откако тој го повреди Салах? Да, можно е. Не сакам од тоа да правам голема приказна, но Рамос намерно го повреди мојот пријател, така да беше време да се одмаздам за тоа“, изјави Ловрен. 

Дејан Ловрен со Ливерпул успеа да ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, а оваа сезона се радуваше на трофејот и во Премиер-лигата со што стана само првиот Хрват на кој му успеало тоа.

Се вчитува...