„Ловрен, врати се во школо и научи што се усташи“

Хрватска оствари одличен резултат на СП во Катар, но сосема неочекувано во фокусот на јавноста по мундијалот се најде еден од најискусните, дефанзивецот Дејан Ловрен. Тој најпрвин се пресметуваше со хрватските новинари кои наводно не ја поддржувале доволно националната селекција, а потоа на прославата на бронзениот медал беше фатен како пее националистички песни.

Ловрен се брани со ставот дека станува збор за „патриотски песни“, но критиките кон него продолжуваат, а на нив се приклучи и пејачката Влатка Покос, која жестоко го нападна фудбалерот.

„На Дејан Ловрен му порачувам дека со своите примитивни испади ја срамоти целата репрезентација. Не Дејане, ние, Хрватите од Хрвтска немаме комплекси од „големото хрватство“, ние не мразиме се што е хрватско како што ти сакаш да прикажеш. Ние си ја сакаме својата татковина со сето срце и одбиваме да пееме усташки песни. Топло препорачувам да се вратиш во основно училиште и да ги научиш елементарните факти за тоа што се усташите и за нивните злочини. Посетете го Јасеновац и поклоните се пред сите невини жртви што таму ги колеле и убивале „твоите патриоти“. Усташите, чиј поздрав толку го користите, се најголемото дно, злосторници и предавници на Хрватска во историјата“, му порача Покос на Ловрен.

Се вчитува...