ЛШ: Баерн ја освои Атина, прв бод за Јанг Бојс

Баерн Минхен го совлада АЕК во Атина со 0-2 и се зацврсти на првото место во групата Е од Лигата на шампионите со седум бода по три одиграни меча. Грчкиот тим одолеваше во првиот дел, но потоа квалитетот на Баерн Минхен дојде до израз.

Во 61.минута, Хави Мартинез со волеј удар го отвори резултатот, а само две минути Роберт Левандовски ги разреши дилемите на овој дуел.

Јанг Бојс стигна до првиот бод во групата Х, играјќи 1-1 против Валенсија на домашен терен. Мичи Батшуаи ги доведе „лилјаците“ во водство во 26.минута, но Гилјом Хоро во 55.минута израмни од пенал.

Се вчитува...