ЛШ: Баерн Минхен е машина, се увери и Атлетико Мадрид

Европскиот првак Баерн Минхен на уверлив начин ја стартуваше одбраната на трофејот во Лигата на шампионите. Тимот на Ханси Флик славеше со 4-0 на „Алијанц арена“ против Атлетико Мадрид. Кингсли Коман и Леон Горецка донесоа комфорна предност по првиот дел, а Корентин Толисо и повторно Кингсли Коман го декласираа составот на Симеоне до крајот на мечот.

Интер повторно почнува на проблематичен начин, со реми (2-2) дома од Борусија Менхенгладбах. Ромелу Лукаку го спаси италијанскиот тим од пораз во 90.минута, а погоди и за првична предност во 49.минута. Борусија Менхенгладбах имаше триумф се до пред крајот, погодија Бенсебаини од пенал и Хофман.

Ливерпул со минимален резултат 0-1 славеше на гостувањето во Амстердам против Ајакс. Стрелец на победничкиот гол за „црвените“ всушност беше Николас Талјафико кој си постигна автогол.

Манчестер Сити со 3-1 го совлада Порто, иако гостите поведоа на „Итихад“. Луис Дијаз постигна убав гол во 14.минута, а израмни Серхио Агуеро од пенал. Гундоган и Феран Торес донесоа триумф за „граѓаните“ во второто полувреме.

Аталанта беше убедлива на гости кај Митјиланд и победи со 0-4. Запата, Гомез, Мјуриел и Миранчук ја тресеа мрежата на домаќинот. Олимпијакос оствари триумф (1-0) над Олимпик Марсеј со голот на Кока во 90.минута.

Се вчитува...