ЛШ: Барса се мачеше и со десеткуван Динамо, германски шок за ПСЖ, убедливи Челси и Јувентус

Барселона се мачеше и со десеткуваниот Динамо Киев во 3. коло од Групата Г во Лигата на шампионите, триумфирајќи со 2-1.

Каталонците поведоа уште во 5. минута со голот на Меси од пенал, Пике во 65. минута зголеми на 2-0, а гостите ги поставија конечните 2-1 со погодокот на Циганков во 75. минута.

Јувентус, во истата група, славеше со убедливи 1-4 на гостувањето против Ференцварош.

ПСЖ доживеа и втор пораз во Групата Х, овој пат добивајќи германска лекција од Лајпциг. Иако Французите поведоа со голот од пенал на Ди Марија во првото полувреме, израмни Нкунку во 42. минута, а Форсберг во 56. минута донесе триумф за Германците.

Челси без никакви проблеми славеше со 3-0 проти Рен со два гола на Тимо Вернер и еден на Абрахам.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ (3. КОЛО)

ГРУПА Е

Челси – Рен 3-0

Севилја – Краснодар 3-2

ГРУПА Ф

Бриж – Борусија Дортмунд 0-3

Зенит – Лацио 1-1

ГРУПА Г

Барселона – Динамо Киев 2-1

Ференцварош – Јувентус 1-4

ГРУПА Х

Башакшехир – Манчестер јунајтед 2-1

Лајпциг – ПСЖ 2-1

Се вчитува...