ЛШ: Барселона и Бенфика се изнапромашуваа, Јувентус се избрука во Лондон (ВИДЕО)

Барселона и Бенфика одиграа без голови на Ноу Камп во натпревар во кој недостасуваа само головите. Двата тима имаа многу шанси да го добијат натпреварот, но не успеаја. Барселона речиси доминираше се до финишот, но не го „отвори“ противникот. Шанси утнуваа и Депај, и Дембеле и Пике, додека најзрелата ја имаше Бенфика преку Сеферовиќ кој не реализираше празен гол. Инаку ВАР поништи два гола, по еден на двете страни. На Барселона сега задачата и е исклучително тешка, затоа што во последното коло треба да го совлада Баерн во Минхен, или да чека „кикс“ на Бенфика на домашен терен со Динамо Киев.

Јувентус доживеа дебакл во Лондон на гостувањето кај европскиот првак Челси. На крајот и убедлив пораз од 4-0 за првакот на Европа, за прво место на табелата пред последното коло. Челси дојде до предност преку Шалоба во 25. минута, а потоа на стартот од вториот дел и двоминутен „блицкриг“ преку Џејмс и Хадсон-Одои за предност од 3:0 над тимот од Торино. Во последните мигови и Вернер погоди во мрежата на Шчесни за конечни 4:0.

Крајно интересен и возбудлив натпревар одиграа Јанг Бојс и Аталанта, кој заврши без победник 3:3. Двата тима се менуваа во водство, за на крај да освојат по бод. Запата донесе предност за Аталанта, а Сиебачу израмни. Во вториот дел Паломино донесе нова предност за Италијанците, за Сиеро и Хефти за само четири минути донесат пресврт. Сепак, во 88. минута Муриел донесе важен бод за Аталанта пред последното коло.

Малме не успеа да ја оствари првата победа во ЛШ сезонава, откако имаше во раце триумф над Зенит но во 91 минута од пенал се спаси. Голот за Малме го постигна за Малме го постигна Рикс во првиот дел, а Дзјуба за Зенит промаши пенал во 52. минута. Ракип влезе во 78. минута, и во 91. минута досуден пенал за Зенит кој во гол го претвори Ракицки за голем бод за Зенит кој го носи во Лигата на Европа.

И покрај победите на Севилја и на Лил во дуелите со Волфсбург, односно Салцбург, и натаму сите четири тима имаат шанси за првите две места на табелата во групата „Г“ пред одигрување на последното коло.

ЛШ, 5. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА Е
Динамо К. – Баерн 1-2
Барселона – Бенфика 0-0

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ф
Виљареал – Манчестер Ј. 0-2
Ј. Бојс – Аталанта 3-3

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Г
Лил – Салцбург 1-0
Севилја – Волфсбург 2-0

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Х
Челзи – Јувентус 3-0
Малме – Зенит 1-1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...