ЛШ: Бобан Николов чека шанса од клупата во Киев

Објавени се составите за вечерашните натпревари во Лигата на шампионите. Бобан Николов ниту во шестиот меч во „елитата“, нема да биде стартер за Шериф, и ќе чека шанса од клуптата против Шахтјор.

Натпреварот се игра во Киев на „Олимписки“, каде што Шахтјор ги игра домашните натпревари.

Ова ќе биде последниот меч за Шериф, кој веќе има обезбедено пласман во Лигата на Европа, и нема никакви шанси да се најде на едно од првите две места. Во таа група битката ќе биде само за првото место, а ако Интер сака да го завземе, ќе мора да триумфира во Мадрид.

Се вчитува...