ЛШ: „Фешта“ со домашен хепи-енд на „Алијанц“, Интер се извлече со Сосиедад (ВИДЕО)

Баерн Минхен славеше со 4-3 на домашен терен против Манчестер јунајтед во дерби натпреварот на вечерта во Лигата на шампионите.

Како и многу пати сезонава, играчите на Ерик тен Хаг повторно се самоубија откако направија милион грешки во вечерашниот пораз. Прво, Онана катастрофално реагираше при погодокот на Сане за 1-0 во 28. минута. До крајот на првиот дел Гнабри во 32. минута зголеми на 2-0.

На стартот на вториот дел, „црвените-ѓаволи“ со дебитантскиот погодок на Хојлунд намалија на 2-1 во 49. минута, но само четири минути подоцна Ериксен непотребно играше со рака во сопствениот шеснаесетник по што Баварците преку Кејн повторно стигнаа до два гола предност (3-1). Кашемиро намали на 3-2 во 88. минута. Тел зголеми на 4-2, а конечните 4-3 беа дело на Кашемиро.

Bayern Munich [3] – 1 Manchester United – Harry Kane penalty 54′
byu/PSGCampus insoccer

Актуелниот европски вицешампион Интер ремизираше на гостувањето кај Реал Сосиедад 1-1. Домаќините поведе со 1-0 во  4. минута преку Мендез. Конечните 1-1 ги постави Лаутаро Мартинез во 84. минута. Арсенал ја оправда фаворитската улога на домашен терен против Холандскиот ПСВ Ајндховен совладувајќи го со 4-0.

Real Sociedad 1-0 Inter – Brais Mendez 4′
byu/Meladroitdeposter insoccer

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 1. КОЛО: 

Реал М. – Унион Б. 1-0

Галатасарај – Копенхаген 2-2

Баерн М. – Манчестер Ј. 4-3

Реал С. – Интер  1-1

Арсенал – ПСВ 4-0

Брага – Наполи 1-2

Севилја – Ленс 1-1

Бенфика – Салцбург 0-2

Се вчитува...