ЛШ: Кизеа ги поништи глупостите на одбраната на Јуве, Халанд одамна ја надмина Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Порто со предност од 2-1 ќе патува на реванш дуелот од осминафиналето против Јувентус во Торино. Португалците со два гола на стартот на првото и стартот на второто полувреме кои беа во режија на Тареми и Марага стигна до предност  од 2-0, а надеж за реваншот на „старата дама“ и донесе Федерико Киеза кој во 83. минута постигна гол кој многу ќе значи во реваншот за 14 дена.

Ерлинг Халанд уште еднаш покажа дека одамна ја има надминато Борусија Дортмунд и дека е време да се пресели во некој од најдобрите клубови на стариот континент. Тој вечерва буквално сам ја совлада Севилја откако учествуваше во сите три гола на неговиот тим во триумфот од 1-3. Домаќините поведоа преку Сусо, по што на сцена стапи неверојатниот Норвежанец, кој со два гола и една асистенција донесе до крајот на првиот дел донесе предност од 1-3 за „милионерите“. До крајот Лук де Јонг успеа да намали на 2-3 во 84. минута.

 

 

Се вчитува...