ЛШ: „Кралевите“ го намалија срамот, но, сепак, загубија од Шахтјор

Реал Мадрид малку го подобри впечатокот од првиот катастрофален дел кога губеше со 0-3, но сепак загуби во воведниот меч од новата сезона во Лигата на шампионите. Шахтјор победи во Мадрид со 2-3, а тоа е втор последовен пораз за тимот на Зинедин Зидан по оној против Кадиз во Ла Лига. А сега следи „Ел Класико“.

Тете ја отвори серијата во 29.минута, Варан си даде автогол четири минути подоцна, а Саломон зголеми на 0-3 пред крајот на првиот дел.

Лука Модриќ даде надеж, Жуниор Винисиус намали на 2-3 само неколку секунди откако влезе во игра, но Реал Мадрид немаше сили за пресврт. Федерико Валверде постигна гол за израмнување во 93.минута, но по прегледување на ВАР снимката не беше признат.

Салцбург и Локомотив Москва одиграа 2-2. Едер ги изненади домашните фудбалери во 19.минута, но Шобошлаи израмни пред полувремето.

Во вториот дел, Јунузовиќ се погрижи за пресврт, но Лисакович не дозволи Локомотив Москва да загуби.

Се вчитува...