ЛШ: „Кралевите“ се избламираа во Мадрид, загуби и Рома

Ниту Лигата на шампионите не мотивира доволно, кога резултатскиот предизвик не е на највисоко ниво. Реал Мадрид и Рома веќе обезбедија пласман во нокаут фазата, па последното коло од групата Г го одиграа многу ноншалалтно. „Кралевите“ си дозволија бламажа во Мадрид и загубија од ЦСКА Москва со 0-3, а Рома доживеа пораз (2-1) од Плзен на гостувањето во Чешка.

Шалов и Шеников донесоа водство за „армејците“ од 0-2 по првиот дел, а Сигурдсон го постави конечниот епилог.

Во Чешка, Коварик обезбеди предност за Плзен, израмни Ченгиз Ундер, а триумфот за домашниот тим го донесе Томас Шори.

Сепак, Реал Мадрид е првопласиран во групата, а Рома оди во осминафиналето од втората позиција.

Се вчитува...