ЛШ: „Кралот“ почна триумфално, Роналдо ’поцрвене’, а Сити се посрамоти

Европскиот првак Реал Мадрид со триумф (3-0) против Рома ја стартуваше одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Иско во 45.минута и Герет Бејл во 58.минута му донесоа победа на составот на Хулен Лопетеги, а ја запечати Маријано Дијаз во судиското продолжение со третиот гол.



Кристијано Роналдо во првиот меч за Јувентус во ЛШ заработи црвен картон, но „старата дама“ славеше на гости против Валенсија со 1-2. Пјаниќ од пенал го отвори резултатот во 45.минута, а на стартот на вториот дел уште еднаш стрелаше прецизно од 11 метри. Во судиското продолжение, имаше пенал и за Валенсија, но не го реализира Дани Парехо.

Баерн Минхен го освои Лисабон, совладувајќи ја Бенфика со 0-2. Роберт Левандовски уште на стартот, во десеттата минута, донесе водство за германскиот бундеслигаш, а Ренато Санчес постигна погодок против својот поранешен тим за 0-2.


Манчестер јунајтед беше убедлив на гости во Швајцарија против Јанг Бојс (0-3). Погба постигна два гола, првиот од пенал, а во второто полувреме меѓу стрелците се запиша и Марсијал.



Изненадувањето на вечерта го приреди Лион, кој го победи Манчестер сити на „Етихад“ со 1-2. Без казнетиот Пеп Гвардиола на клупата, „граѓаните“ делуваа загубено. Корне и Фекир го шокираа англискиот тим, а во второто полувреме Бернардо Силва само го ублажи поразот.



Лига шампиони, резултати

Група Е: Бенфика – Баерн Минхен 0-2, Ајакс – АЕК 3-0

Група Ф: Манчестер сити – Лион 1-2, Шахтјор – Хофенхајм 2-2

Група Г: Реал Мадрид – Рома 3-0, Плзен – ЦСКА Москва 2-2

Група Х: Валенсија – Јувентус 0-2, Јанг Бојс – Манчестер јунајтед 0-3

Се вчитува...