ЛШ: Лајпциг „без тренер“ го победи Сити, ПСЖ без проблеми со Бриж (ВИДЕО)

Само неколку дена откако го смени Џеси Марш од клупата, екипата на Лајпциг го совлада тимот на Манчестер Сити со 2-1 во последното коло во групната фаза од Лигата на шампионите, и така само го потврди учеството во Лигата на Европа.

Собослаи и Андре Силва погодија против „граѓаните“, а Марез само намали во 77. минута. Вокер во 83. минута доби црвен картон поради остар фаул.

Во вториот меч во Париз, ПСЖ немаше проблеми против Бриж, победувајќи го со 4-1. Мбапе во втората, а потоа и во седмата минута брзо донесе 2-0, а Меси погоди во 38. минута за 3-0 на полувреме. Ритс намали на 3-1, а потоа Меси од пенал во 76. минута стави точка на победата.

Сити заврши како првопласиран и покрај поразот со 12 бодови, еден повеќе од ПСЖ. Лајпциг оди во Лигата на Европа, а Бриж се прости од европските натпреварувања.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...