ЛШ почна и магија се стори – Меси со евро-гол ја отвори новата сезона

Стартуваше новата сезона од Лигата на шампионите и прв печат остави Лионел Меси, постигнувајќи го премиерниот гол во овосезонското натпреварување.

Барса на „Камп ноу“ го пречекува ПСВ Ајндховен, а Меси во 31. минута бепрекорно изведе слободен удар носејќи го во водство каталонскиот гигант во дуелот со холандскиот шампион. Ремек-дело, едно од многуте на Меси низ годините во Лигата на шампионите.

Се вчитува...