Унгарија по 11 години повторно ќе има претставник во групната фаза од Лигата на Шампионите откако Ференцварош оствари неверојатен успех, минувајќи три квалификациски рунди за да стигне до место во елитата на европскиот фудбал. Откако во претходните две кола ги елиминираше Селтик и Динамо Загреб, унгарскиот првак во плејоф-фазата беше подобар и од Молде, вечерашниот реванш во Будимпешта заврши без голови, но Ференцварош оди понатаму благодарение на трите постигнати погодоци на првиот меч во Норвешка (3-3).
Олимпијакос благодарение на победата од 2-0 на домашен терен ја елиминираше Омонија, откако вечерашниот реванш на Кипар заврши без голови.
Пласман во групната фаза од ЛШ обезбеди и Динамо Киев, триумфирајќи и вторпат над Гент, овојпат на домашен терен со убедливи 3-0. Бујалски ја најави вечерашната победа на украинскиот вицепрвак, кој останатите два гола ги постигна од пенал, преку Де Пења и Родригез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА