ЛШ – ПОЛУВРЕМЕ: На Челси му треба уште еден гол, Баерн очаен против Вилјареал

Полувреме е на двете четвртфинални пресметки вечерва во Мадрид и во Минхен. Има само еден гол, и тоа на „Сантијаго Бернабе“ каде што води Челси, и ја преполови предноста на Реал Мадрид стекната по првиот натпревар.

Маунт во 15. минута по една супер акција со Вернер, го донесе лондонскиот тим во предност. Реал Мадрид одигра слабо прво полувреме, без ниту еден удар кон голот на Менди.

На вториот меч во Минхен нема голови, но нема ниту шанси. Повеќе се очекуваше од Баерн Минхен, да дојде до водство, до шанси, меѓутоа од тоа нема ништо. Домашниот тим нема идеја, како да нема сила, немаше ниту некоја посериозна шанса. Вилјареал се брани, и од контра ја чека својата шанса. Дефинитивно Нагелсман има што да им каже на своите играчи во соблекувалната.

Се вчитува...