ЛШ полувреме: Порто ги користи грешките на Јуве, „Халанд-магија“ во Севилја (ВИДЕО)

Одлични два натпревари имаме вечерва во Лигата на шампиони. По 45. минути на „Драгао“ во Порто, домашниот тим има минимална предност над Јувентус со голот на Тареми, по големата грешка на Бентанкур.

На „Санчез Пискуан“ Севилја има негатива од 1-3 против Борусија Дортмунд. Откако домаќините поведоа преку Сусо, на 1-1 израмни Дахуд во 19 на асистенција на неверојатниот Халанд, кој со два гола до крајот на полувремето донесе големо водство за „милионерите“ од 1-3.

 

 

 

Се вчитува...