ЛШ полувреме: ПСЖ на „крилата на Вајналдум и Донарума“ до пресврт во Лајпциг, тотален распад на Атлетико на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Џанлуиџи Донарума и Џорџино Вајналдум се најголемите виновници што ПСЖ има водство на полувреме на гостувањето кај Ред Бул Лајпциг од 1-2. Германците и те како може да жалат за пропуштените шанси во првиот дел бидејќи покрај голот за водство на Нкунку во 8. минута, тие не реализираа пенал откако италијанскиот голман му го одбрани ударот на Андре Силва.

Целосниот пресврт до крајот на првите 45 минути беше дело на Вајналдум кој со два гола им донесе на „светците“ предност на полувреме.

Атлетико Мадрид доживува целосен распад на гостувањето на „Енфилд роуд“ кај Ливерпул каде по првото полувреме покрај негативата од 2-0 има и играч помалку откако Фелипе доби втор жолт картон.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 4. КОЛО:

Борусија Д. – Ајакс 1-0

Ливерпул – Атлетико М. 2-0

Манчестер С. – К. Бриж 1-1

Лајпциг – ПСЖ 1-2

Шериф – Интер 0-0

Спортинг – Бешикташ 3-0

Се вчитува...