ЛШ: Порто го освои Монпелје и го скокна Вардар

Порто дефинитивно е едно од најпријатните изненадувања во елитните групи од ЛШ, откако португалскиот првак вечерва славеше и на гостувањето против Монпелје со резултат 22-27. Гостинските ракометари уште од самиот почеток наметнаа силно темпо, на одмор заминаа со водство од 10-14 што потоа рутински го одржуваа до самиот крај.

Со двата бода од Франција тимот на Порто скокна на делба на четвртото место со Киелце, по што тимот на Вардар падна на шестата позиција во групата.

Во дербито на групата Веспрем славеше над Киелце со резултат 28-24. Гостите парираа околу 40 минути, за потоа во завршницата унгарскиот првак целосно да ја преземе доминацијата, да успее резултатски да се одлепи и на крајот заслужено да ги прослави новите бодови.

Дејан Манасков постигна два гола во овој триумф на Веспрем, Нилсон беше најефикасен во победничкиот тим со пет погодоци, додека кај Киелце прв стрелец при поразот беше Каралек со шест погодоци.

Се вчитува...