ЛШ: Роналдо и Санчо го израдуваа Керик на дебито, Баерн триумфално од снежниот Киев (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед со нов тренер победи во првиот меч во Лигата на шампионите. Вечерва Јунајтед го совлада Виљареал во финишот со 0:2. Во првиот дел шпанскиот тим имаше неколку добри шанси, а во финишот практично англискиот тим казни, и со головите на Роналдо и Санчо дојде до важен триумф.

Кристијано Роналдо, а кој друг погоди во 78. минута од средбата. Грешка на фудбалерите на Виљареал, топката стигна до Роналдо кој од 20 метри со прекрасен лоб го совлада Рули. Во првиот дел и на стартот од второто полувреме Виљареал беше одличен тим. Неколку пати Де Геа спасуваше, а како одминуваше крајот, Јунајтед се консолидираше па имаше две добри шанси пред голот на Роналдо. Во финишот Санчо по додавање од Фернандеш само успеа да зголеми.

Баерн Минхен со многу мака стигна до победа во ладниот Киев. Во текот на целиот меч речиси паѓаше снег, а температуратата на моменти беше и минус пет степени. Но „Баварците“ благодарение на головите во првиот дел, стигнаа до триумф, иако Динамо Киев можеше да го избегне поразот.

Со прекрасен гол Левандовски го отвори резултатот во Киев. Гол во 13. минута за водство на „Баварците“, откако Полјакот погоди со ножички. Во 40 минута Коман по прекрасна акција зголеми на 0:2. И кога се чинеше дека се е готово, Динамо Киев преку Гармаш постигна гол и намали. Динамо Киев имаше уште неколку обиди да дојде до израмнување, и барем до бод, но не успеа во намерата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...