ЛШ: Рутинска победа на Барселона над Елверум

Ракометарите на Барселона ја оправдаа фаворитската улога и стигнаа до убедлива победа над Елверум од 25-37 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Шампионите. Шпанскиот состав ја контролираше играта од самиот почеток до крајот на натпревар и не дозволи изненадување.

Каталонците на самото отварање на натпреварот го назначија текот на средбата. Серијата од 11-1 и даде двоцифрена преднсот на Барселона од самото отварање, но домаќините ги консолидираа своите редови па до полувремето ја ублажија негатива на 12-19. Второто полувреме не го смени текот, Барселона постојано одржуваше комотна предност и на крајот славеше убедливо, со што дојде до значајна предност пред реванш дуелот.

Дика Мем беше првото име во редовите на каталонскиот состав со 7 гола, додека него го следеа Јанц, Нгесан, Циндриќ и Фабрегас со по четири погодоци. Кај Елверум по шест погодоци постигнаа Солстад и Кристоферсен Блонз.

Се вчитува...